Ocenite tekst

Со новата методологија за евидентирање на капиталните инвестиции, заклучно со 13 ноември, тие бележат раст од 47,4%, изјави министерката за финасии Гордана Димитриески Кочоска.
Таа во гостување на ТВ Сител рече дека за 2025 година има висок износ на проектирани капитални расходи, но во исто време има и огромна реализација.
– Но она што, што секогаш треба да го правиме, го споредуваме со претходните години. Знаете дека методологијата ја променивме во начинот на евидентирање на капиталните расходи. И покрај тоа што ја променивме методологијата, годинава имаме реализација заклучно со 13 ноември – 22 милијарди и 151 милион денари, наспроти 19 милијарди од минатата година. Меѓутоа, доколку ги додадеме или ја прилагодиме методологијата за двете години да биде иста, тогаш годинава имаме реализација од 28 милијарди, или тоа е 47,4% повеќе, рече Дмиреиска – Кочоска.